ВИДЕО: Македонскиот музичар кој ја освои Европа

Сунај Ибраимовиќ потекнува од познато музичко семејство од Скопје. Токму затоа уште како дете започнува да музицира на виолина. Негов прв учител е Хуна Бахтијар Бато, кој завршил музичко училиште во Московскиот музички конзерварториум и е вработен во Македонската филхармонија.

Освен виолината, Сунај одлично свири на упте 6 иснтрументи, преставувајќи ја Македонија секаде низ светот. Во моментов живее и работи во Дизелдорф, Германија, каде има музичко студио.

Првите чекори кон меѓународна кариера ги направи во 2013 година, кога за српскиот пејач Адил Максутовиќ го одработи главниот форшпил за песната „Маскенбал“. Нивната соработка трае до ден денеска и тие заедно настапуваат секаде низ Европа.

Во 2014 година дојде до соработката со Слаѓа од Алегро бенд за песната „Грешни души“, па следеше соработка со Цеца за нејзиниот најнов албум, и тоа во две песни. „Цигани удрите“ и „Ангел од втор ред“. Сунај соработува и со Лепа Брена за песната „Жали Боже“ и со уште многу познати балкански ѕвезди.

Едиснтвена неостварена желба на Сенај е договорената џез преработка на „Зајди зајди“ со Есма Реџопава. Проектот договорен со кралицата на ромската музика за овој месец, ќе остане неостварен сон на младиот музичар.

Сунај продолжува понатаму да ја гради својата музичка кариера, а следен голем проект би можел да биде соработка со Горан Бреговиќ за неговиот нов албум. Но за тоа кога ќе се случи. Засега уживајте во неговата музика:

Испратено од Алберт

Коментари

Популарно