ВИДЕО: Сакаше да го совлада противникот со „евтин“ удар, но зажали

Ерик Силва го навлече на себе гневот на гледачите за време на дуелот во кој со „евтин“ трик се обиде да го нокаутира својот противник - Нордин Талеб.

Имено, Силва ја испружи раката со очигледна намера да се поздрави со противникот, но кога Талеб сакаше да возврати на поздравот, Силва се обиде да го удри директно главата.

Ова го разлути неговиот противник, кои доби уште поголема желба да го порази арогантниот борец, па подоцна му упати жесток удар во лицето по кој Силва заврши ничкосан на подот.

Во продолжение, погледнете ја оваа ситуација.

Коментари

Популарно