(ВИДЕО) BBC ги снимил, OEBS се прави дека не гледа: Украински тенкови влегле во Авдејевка и се пука

Новинарот на "BBC", Том Бариџ, објавил на својот профил на Твитер фотографија од тенковите на Вооружените сили на Украина, кои се движат меѓу станбени згради во Авдејевка, град во самопрогласената Доњецка Народна Република.

"Во Авдејевка наидовме на украински војници и тенкови кои, очигледно, беа во состојба на готовност, и слушнавме дека не се почитува режимот за прекин на огнот", напишал Бариџ.

Корисниците на социјалните мрежи исто така забележале дека на снимката зад тенковите се гледаат автомобили, како и претставници на мисијата на "OEBS".

Влегувањето на тенковите во Авдејевка го коментирала и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својата страница на Фејсбук. Таа напишала "Постои работа - незабележување на тенкови" и објавила фотографија на која се гледаат тенкови.

Претходно востаниците и претставниците на украинските сили соопштиле за влошување на ситуацијата во Донбас. Спротивставените страни се обвинуваат меѓусебно за интензивно гранатирање и обиди за офанзива.

Коментари

Популарно