(ВИДЕО) 4-7-8: Совршена техника со која ќе заспиете за една минута

За разлика од лековите за спиење, техниката “4-7-8” има подобар ефект, на кој телото не станува отпорно.

Колку често Ви се случува да легнете во кревет, и по 2 часа сè уште да сте будни? Пробавте сè - топла бања, топло млеко, броење овци, но никако не Ве фаќа сон?

Има многу причини за тоа. Многу луѓе не можат да заспијат поради напорниот ден и стресните ситации во него.

Најчесто, несоницата нè мачи поради некои мисли кои се јавуваат во моментот пред заспивање, и кои најчесто се и самиот извор на стрес.

Поради тоа, потребно е да пронајдете начин кој ќе Ви помогне побрзо да заспиете.

Следниот пат кога ќе се превртувате во кревет, пробајте ја техниката “4-7-8”. Покрај тоа што брзо ќе заспиете, оваа техника ќе Ви овозможи и одличен сон во текот на целата ноќ.

“4-7-8” е метод, кој е природен начин за смирување на нервниот систем. Оваа техника ја препорачува др. Ендрју Вејл, директор на Центарот за Интегративна недицина во Аризона.

Тој вели дека по одреден период, лековите за спиење кои ги пиете стануваат отпорни на Вашиот организам и нивното делување прекинува.

Ова е техника која ја претпочитаат оние кои се бават со јога и медитација, бидејќи тие ги знаат најдобрите начини на опуштање на телото.

Сè што треба да одвоите е само 19 секунди до една минута, во зависност од тоа колку пати сакате да ја повторите вежбата. Најпрвин, земајте воздух преку нос во рок од четири секунди. Потоа, задржете го воздухот во себе наредните седум секунди и издишувајтe полека преку уста, во рок од осум секунди.

Доколку сè уште не сте убедени во ефективноста, еве зошто оваа техника е толку добра:

Close-up of alarm clock on night table

Кога сме под стрес и не можеме да заспиеме, во крвта се зголемува нивото на адреналин, кое го забрзува дишењето, а со самото тоа и работата на срцето. Со ваквото правилно дишењто, ја смирувате работата на срцето, при што самиот адреналин се намалува.

Освен за заспивање, оваа техника често се користи и кај лицата кои страдаат од анксиозност.

Др. Вејл предлага оваа техника да ја применувате два пати дневно, во рок од шест до осум недели, сè додека не успеете да заспиете за само 60 секунди.

Коментари

Популарно