Најлоши комбинации во хороскопот: Овие парови се осудени на пропаст

Некои врски, ако верувате во астрологија, едноставно не можат да успеат. Затоа, заштедете се од разочарување па видете кои знаци никако не се за вас.

Овен и Близнаци - лош спој

- Овновите секогаш се расположени за нови љубовни авантури, па често во врска влетуваат непромислено. Не сакаат луѓе кои многу кукаат. Тие не се сложуваат со Риби, кои се премногу емотивни за нив, со Близнаците кои секогаш се караат и со Девиците.

Бик никако не треба да биде во врска со Стрелец

- Со Биковите управува Венера, па тие се совршени за сериозна врска, но само кога ќе најдат некого кој им одговара. До тогаш уживаат од ден за ден. Најлошо се сложуваат со Овен поради силните карактери а често се караат со Близнаци и Стрелци.

Близнаците не се сложуваат со Рибите

- Близнаците лесно се заљубуваат, но исто лесно се одљубуваат ако се разочарани. Одбиваат прекрасни луѓе. Во љубовта најлошо се сложуваат со Биковите кој се премалку амбициозни за нив, со Раковите кои се премногу самобендисани и со Рибите.

Ракот не оди со Овен

- Раковите се романтични души кои сакаат да се трудат околу вистинската љубов. Ги одбива егоизам, а во врска најмалку се сложуваат со Стрелците и покрај големата привлечност, бидејќи никогаш не се сигурни во нив, лошо функционираат и со Близнаците.

Лавот не оди со Близнаци

- Лавот во врска сака да почуствува сигурност и сака да биде му биде на прво место на партнерот, одбивни им се луѓето кои постојано се грижат и пренесуваат лоша енергија. За нив најлоши партнери се Близнаци, кој премногу размислуваат, Риби кои ненамерно повредуват и Јарците.

Девиците не одат со Вагите

- Девиците внимателно ги бираат партнерите, па тешко носат одлуки за да се врзат за некого. Одбивни им се пасивни луѓе и оние кои солат памет. Најлошо им е со Овните кои се однесуваат шефовски со нив, но не им е сјајно ни со Вагите кои не размислуваат за нивната критичност.

Вагите не се сложуваа со Раковите

- Вагите ги одбиваат оние кои лажат и кои не влеваат доверба. Вагите не се сложуваат со Девиците кои се премногу комплицирани за нив, со Шкорпиите кои им се премногу песимистички и со Раковите кои се премногу традиционални.

Шкорпија не функционира со Овен

- Шкорпијата бара врска во која ќе се чуствува исполнето. Најлошо е кога е во врска со Овен, со кого често се кара, со Близнаци кои ја потиснуваат нивната љубомора и со Стрелци со кои не се чувствуваат сигурно.

Стрелец не оди со Бик

- Стрелците во љубовта сакаат се или ништо. Ги одбива меланхоличност и оние кои не знаат што со себе. Стрелците се најлошата комбинација со Бикот кои за нив се премногу посесивни, со Ракот кој не е спонтан и со Девиците.

Јарецот не треба да биде во врска со Овен

- Јарецот на прв поглед делува како да љубовта да не му е важна, но така се брани од разочарувања. За нив не е Овенот кој го сметаат за нестрплив и лаковерник, со Близнаците, бидејќи мислат дека немаат идеали по кои тежнеат, како ни со Стрелците.

На Водолијата не и одговара Бик

- Водолиите се лесно заљубливи, но во врска се чуствуваат како заробени. Ги одбива неморал и предвидливи луѓе. Тие во љубовта не се сложуваат со Биковите, бидејќи не можат да им пружат стабилност, со Раковите зошто им се досадни и со Девиците.

Рибите не можат со Овен

- Рибите барат идеален партнер од соништата, а одбиваат да бидат со оние кои се однесуваат неразумно и имаат површни погледи за животот. Рибите не се сложуваат со Овновите кои се агресивни и нетактични, со Близнаците кои немаат разбирања за другите и со Лавовите кои лесно можат да манипулираат со нив.

Коментари

Популарно