(ФОТОГАЛЕРИЈА) Ќе се изненадите кога ќе видите со кој актер од серијата „Црна ружа“ убавата Озлен била во интимна врска

Со продорните зелени очи и црната коса актерката Хилал Алтинбилек совршено го отелотвори ликот на сплекарката Озлем во турската серија „Црна ружа“.

Но кога камерите ќе се исклучат, таа, како што вели, е целосна спротивност на својот лик.

-Мислам дека голема веројатност е дека таквиот лик на луѓето им е антипатичен. Кога го прочитав сценариото, сфатив дека морам да му додадам нешто симпатично на мојот лик“, појаснува 26 годишна Хилал која почнала да студира бизнис администрација, но потоа се освестила и сфатила дека сака да биде актерка.

-Немам никакви други планови освен глумата. И не сум загрижена поради тоа. Сосема сигурно знам што сакам и колку тоа го сакам. Себе си најмногу сакам да се гледам додека глумам. Така се запознавам самата себе и открива многу работи. Додава дека целосно и е предадена на својата работа како и дека воопшто не го разгледала Газиантеп, градот во кој се снимаше серијата, затоа што го доживеал само како место за работа. Со оглед на таквата предаденост, не е чудно што и љубовта си ја пронашла на сетот.

Имено, една од главните теми во турските таблоиди додека се снимаше серијата (поточно во 2014 година) беше нејзината врска со две години помладиот колега Мерт Јазичиоглу, кој во серијата го толкува ликот на Баран.

Нивната љубов траела неколку месеци. За да не се прочуе во јавноста, затоа што Баран во тој момент би изгубил на популарноста, продуцентите на серијата вешто ја криеле нивната романса.

На рајот кога Озлем го остави Баран, за нивната романса дознале и некои од колегите, а тогаш се случиле и проблеми затоа што Мерт и Хилал не можеле да работат задно. Поради негово детско однесување, челните луѓе на серијата решиле да ги разделат и до крајот на снимањето одделно да ги снимаат сцените се со цел јавноста да не забележи дека нешто не функционира.

Коментари

Популарно