(ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО 18+) Погледнете во развратниот свет на луксузниот секс клуб: Сите носат кожа, маски на глава, а ги посетила и славна актерка

Еден од најексклузивните секс-клубови за богати и славни, ја отворил својата врата за јавноста - но таа авантура ќе ве чини вртоглави 1.500 фунти - што е цена за една вечер.

Исто така, ќе мора да долетате до Лос Анџелес, каде членовите на секс-клубот SNCTM - кои даваат крвна заклетва за да им се приклучат на останатите - плаќаат дури 60.000 фунти за една година неограничен пристап во специјалните соби каде имаат привилегии во оргиите, пренесува британски Sun.

На мажите за вечер им се наплаќа нешто помала цена, односно 1.200 фунти, доколку со себе донесат и партнерка, а жените влегуваат бесплатно, со тоа што претходно се проверуваат.

Новинарката на New York Post, Хедер Хаусвирт добила можност да погледне зад затворените врати и учествувала на една забава.

Мобилниот морала да го остави на влезната врата, а потоа влегла во собата во која има модели и актерки облечени во кожа и маски на лицата.

Новинарката била една од 99-те гости кои гледале две "претстави" - секс во тројка и секс шоу со голтачи на оган.

"Околу нас одеа во главно жени - модели, млади професионалки, актерки и асистентки во провокативна долна облека и им го одземаа вниманието на мажите во одела".

"Една девојка од околу 20 години ползеше на подот облечена во црвена кожа, а на лицето имаше свинска маска. Другите убави девојки на деколтето имаа светкави налепници на кои пишуваше "Изеди ме" или "Допри ме". Во рацете носеа послужавници со убава храна.

"Мажот кој себе си се нарекуваше "Bunnyman" и носеше црна кожна маска и уши од зајак, им демонстрираше на присутните различни јапонски техники на врзување на возбудените жени, кои седеа на златни столчиња", опишала Хаусвирт и додала дека гостите можат слободно да разговараат, флертуваат или да прават нешто повеќе - доколку посакаат.

"Во еден момент ѝ дадов комплимент на една бујна блондинка која носеше црни сатенски гаќички и немаше обувки. "Дали се вистински?", прашав, восхитувајќи се на нејзините гради, а таа ми одговори “дека се од Франција".

"Подоцна таа вечер ја гледав како орално задоволува млада блондинка со вештачки трепки на сребрен кауч. Кога заврши, ја прашав дали доаѓа често".

"Сум била неколку пати. Јас сум лезбејка...поради тоа мене ова ми е убаво", ми кажа, а потоа додаде дека мажите редовно ја тераат да има секс со нивните сопруги.

До идејата за вакви забави дошол разведениот татко на две деца, 45-годишниот Дајмон Лонер, кој во 2013-тата година го основал "Snctm".

"Јас на луѓето им давам можност да ги истражат своите примарни потреби", рекол Лонер чиј неофицијален партнер е британскиот бренд за долна облека, "Agent Provocateur".

И покрај страсните забави, Дејмон не учествува во сексот и вели дека тоа не го прават ни неговите 20 вработени. Како и многу гости, вели, ужива да биде воајер.

Инаку, актерката Гвинет Палтроу на својот блог Goop ги рекламира овие забави - на кои жените можат да учествуваат бесплатно доколку се доволно згодни - а медиумите пишуваат дека и самата учествувала во луксузните секс забави. Имено, наводно и самиот Дејмон Лонер потврдил дека во неговиот клуб доаѓала со својот партнер, режисерот и продуцент Бред Фалчук.

Коментари

Популарно