Синот на Мајкл Бубле го победи ракот

Мајкл Бубле и неговата сопруга Лусијана Лопилато со месеци се борат со ракот на црн дроб кој го има нивниот 3-годишен син Ноа.

Но, конечно шпристигнаа прекрасни вести за нивното семејство.

Малиот Ноа го победи ракот!

Неговата тетка, нутриционистот Даниела Лопилато за шпанските медиуми потврдила дека ракот повеќе го нема.

„Ноа сеуште се опоравува, но тој е добро, а ние сме пресреќни поради тоа! Кога ќе бидат подготвени неговите родители сигурно ќе ви раскажат се“, изјави таа.

Само за потсетување, веста дека малиот Ноа има рак беше објавена на 8-ми декември минатата година.

Коментари

Популарно