(ВИДЕО) Четири кучиња против кралска кобра: Што мислите, кој победува?

Откако сосема неочекувано, кобра се нашла во нејзиниот двор, преплашената Тајланѓанка им наредила на своите кучиња да ја нападнат и отстранат, како змијата не би се вовлекла во домот, што храбрите кучиња и направиле!

Четирите кучиња на крајот и успеале да ја одбранат својата територија и сопственичката, и да ја избркаат змијата од тревникот, и сите поминале без ниту една повреда!

Погледнете ја оваа невообичаена борба:

Инаку, кралската кобра може да ве убие со само едно гризнување. Ако ве гризне и испушти отров, единствено само делотворен и исправен антисерум може да ве спаси.

Жената којашто го снимила видео записот, а е инаку од градот Фитсанулок, на северот на Тајланд, изјавила дека сепак за секој случај, таа е во комуникација со одличен ветеринар во непосредна близина, во случај нејзините миленици да се најдат во било каква неволја.

Коментари

Популарно