ВИДЕО: Шампионот на Вимблдон со сета сила го погоди судијата во глава и го загуби мечот

Мечот од осминафиналето во Дејвис Купот помеѓу Велика Британија и Канада заврши на еден чуден и неочекуван начин. 17-годишниот тинејџер, Денис Шаповалов го удри главниот судија, по што автоматски ја подари победата на противникот.

Актуелниот младински шампион на Вимблдон, Шаповалов беше во негатива против Британецот, Кајл Едмунд во еден тензичен меч. Младиот тенисер од Канада му дозволи брејк на противникот и на резултат од 6-3, 6-4, 2-1 го упати топчето кон главниот судија.

Ваквиот неспортски и срамен потег на тинејџерот значеше автоматска дисквалификација и доделување на победата на Велика Британија.

Коментари

Популарно