(ФОТОГАЛЕРИЈА) Сопругата на Роман Абрамович има совршен стил, извајани нозе и славна најдобра пријателка

Даша Жукова најмногу е позната по сопругот, славниот милијардер Роман Абрамович, но и поради атрактивниот изглед, непогрешливиот стил, влијанието во модниот свет и блиското пријателство со еден од водечките светски дизајнери – Стела Мекартни. Оваа атрактивна жена од година во година промовира сè подобар стил и изгледа сè подобро и подобро.

Сопругата на Роман Абрамович ќе наполни 36 години овој јуни. Таа е во брак со рускиот милијардер од 2008 година и заедно имаат две деца, синот Арон Александар (8) и ќерката Леа Лу (4). Децата се родени во Америка.

Откако го привлече вниманието на јавноста, Даша беше оценета како убава жена која има стил. Уште оттогаш исплива на површина нејзиното пријателство со Стела Мекартни кое трае и ден денес.

Иако ја следеа коментари дека се омажила за Роман поради неговите пари, факт е дека Даша потекнува од богато семејство. Нејзин татко е Александар Жуков, познат бизнисмен во нафтената индустрија, а нејзината мајка Јелена е научничка која се занимавала со молекуларна биологија. Нејзините родители се развеле кога имала три години и Даша израснала во Лос Анџелес.

Откако се омажила за Абрамович, таа се вратила во Москва, а потоа се преселила во Лондон каде што се запишала на Медицинскиот факултет на Лондонскиот колеџ, но не го завршила.

Во светот на модата влегла уште во 2006 година кога го започнала својот сопствен бренд "Kova & T", а потоа станала модна уредничка, најпрво во магазинот "Pop", а потоа и во нејзиниот сопствен магазин "GARAGE".

Своето познавање на модата го покажува со сопствени примери. Даша покажа дека знае да се снајде со сите стилови, а кога ќе споредиме нејзини стари фотографии со нови, ќе откриеме дека нејзиниот моден вкус со тек на време станувал само подобар и подобар.

Пример за нејзината љубов кон уметноста е "Garage Museum of Contemporary Art" во Москва кој во 2008 година го основала заедно со сопругот Роман Абрамович.

Даша најчесто ја гледаме на најпрестижните светски модни манифестации. Љубителите на модата се радуваат на секое нејзино појавување во јавноста, бидејќи нејзиниот изглед е празник за очи.

Коментари

Популарно