Субвенции од државата: Еден прозорец купи, вториот гратис!

Според Дритон Кучи, министер за економија годинава, првпат се воведува стимулативната мерка за надомест на трошоците за купени и вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци. За таа цел во буџетот на Министерството за економија за таа намена се обезбедени 20 милиони денари со кои ќе се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција.

Македонските граѓани со помош на државата значително ја подобруваат енергетската ефикасност на своите домови преку поставување на сончеви колектори на своите покриви и замена на старите со нови прозорци.

За таа цел Министерството за економија и годинава продолжува со субвенциите за подобрување на енергетската ефикасност. Тие ги повикуваат и поттикнуваат сите кои по 31 јануари купиле и вградиле ПВЦ и алуминиумски прозорци или сончеви колектори да поднесат барање за надомест на дел од вложените средства во износ од 300 евра до 500 евра.

Според Дритон Кучи, министер за економија, годинава првпат се воведува стимулативната мерка за надомест на трошоците за купени и вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци.

- Во буџетот на Министерството за економија за таа намена се обезбедени 20 милиони денари со кои ќе се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра по домаќинство - објасни Кучи и појасни дека доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.

Што се однесува, пак, за субвенција на купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата низ земјава, годинава ресорното министерство одвојува повеќе средства од претходните години кои се движат 16 милиони денари.

Кучи потсети дека оваа мерка успешно се реализира од 2007 година. Со неа се надоместуваат дел од трошоците во износ од 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра по домаќинство.

- Остварувањето на правото на надомест е по пат на јавно извлекување што ќе се одржи на 22 септември 2017 година - дополни Кучи.

Но пред да се случи јавното извлекување за да успешно се реализира програмата тие ќе формираат специјални комисии составени од по три члена.

Од ресорното министерство истовремено иформираат дека заклучно со 2015 година вкупно се субвенционирани 3.612 домаќинства, а исплатени се околу 46.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија.Со последните 640 одобренио субвенции од лани бројката се искачи на 4. 252 домаќинства, а буџетот се зголеми за 52 милиони денари.

Инаку на веб-страницата на Министерството за економија веќе се објавени огласите во кои беа утврдени условите што треба да бидат исполнети од страна на барателот за добивање субвенции за вградени прозорци и сончеви колектори.

Искуството на граѓаните што веќе поставиле вакви системи покажува дека на годишно ниво можат да заштедат од 2.500 до 3.000 киловат-часови електрична енергија, а ова количество струја во зависност од цената на струјата може да ги чини повеќе од 13.000 до 15.000 денари.

Коментари

Популарно