Едноставна и бесплатна утринска навика што ќе ви помогне да ослабете

Вишокот на килограми се проблем на многу луѓе, посебно во овој период од годината. Ако сте еден од нив и сакате да се ослободите од прекумерната тежина, обидете се веднаш по будењето да поминете извесно време на отворено и да уживате во сонцето. Тоа ќе ви помогне да ослабете, сугерира најновото американско истражување.

Експертите од Медицинскиот факултет на универзитетот „Нортвестернˮ вршеле испитување врз 54 лица, на просечна возраст од 30 години. Експериментот се состоел од носење на монитор околу зглобот кој ја мерел нивната изложеност на утринските сончеви зраци.

Покрај тоа, испитаниците воделе дневник на исхрана во рок од седум дена за точниот внес на калории.

Резултатите од испитувањето покажале дека луѓето кои поминувале повеќе време на утринското сонце имале понизок индекс на телесна маса, независно од нивото на активност, возраста или внесот на калории.

Докторите тврдат дека изложувањето на утринските сончеви зраци го синхронизира внатрешниот биоритам. Тоа овозможува создавање на рутина при спиењето што помага во подобрување на општата состојба на метаболизмот.

Заклучокот се темели на фактот што изложеноста на утринската светлина го регулира метаболизмот и овозможува согорување на мастите повеќе од вообичаено, а научно е докажано и дека изложеноста на сонце во попладневните часови го нема тоа влијание.

Затоа, своето прво утринско кафе испијте го на вашиот балкон: доволни се само 20 до 30 минути сончеви зраци помеѓу 8 и 12 часот претпладне.

Коментари

Популарно