Непозната госпоѓа дошла на гробот на Аркан - тајното писмо пронајдено во вазата со цвеќе!

Гробот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан не го посетува само неговата жена Цеца и децата, туку и многу други луѓе. Неодамна неговиот гроб го посетила и таинствена жена во средни години. Луѓето што работат на Ново гробље рекле дека непозната госпоѓа дошла на гробот на Аркан пред неколку дена и оставила цвеќе во ваза. Потоа во проѕирна фасцикла е пронајдено писмо до цвеќето. Ова е неговата содржина:

-Драги мој ти пишувам сега бидејќи знам дека ти помина годишницата, дека сите беа, но не и јас. Јас дојдов онака тивко, како што ти доаѓаше кај мене. Те сакав повеќе од животот и ќе те сакам засекогаш, бидејќи ти си мојот херој. Знам дека неправедно замина од овој свет. Знам дека е лудо ова што го правам и знам дека Цеца многу те сакаше, како и ти неа и знам дека таа би го дала животот за тебе – стои во писмото на мистериозната жена.

-Ова е прв и последен пат да доаѓам на твојот гроб и затоа ти го оставам ова писмо, за дел од мене секогаш биде со тебе. Врне и ладно е, а така е со години во моето срце. Тигару мој, почивај во мир, засекогаш твојата пријателка која те чува во срцето – напишала жената која се потпишала само со иницијалот Н.

Коментари

Популарно