Ова се најбогатите Македонци според Форбс

Престижното списание “Forbes” ја објави листата на најбогати Македонци. Откако минал три години на тронот, Минчо Јорданов бил сменет од Јордан Камчев на местото најбогат Македонец.

Најбогат Македонец повеќе не е Минчо Јорданов. Престижниот економски магазин Forbes го рангираше Јордан Камчев како најбогат Македонец. Во овогодинешната листа на Forbes има рокади во топ петте најбогати бизнисмени од нашата земја.

Како што наведовме погоре, Јордан Камчев е најбогатиот Македонец. Во негова сопственост се компаниите Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип, кои вредат 22,5 милиони евра. Познатиот македонски бизнисмен минатата година успеал да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.

Откако три години бил на тронот, Минчо Јорданов сега е вториот најбогат Македонец. Во негова сопственост се Макстил, Бетон и Факом. Овие компании “тежат” 22,5 милиони евра.

Причината за Јорданов да падне едно место подолу на листата е прилично тешката година за овој бизнисмен. За само една година, од 2014. до 2015. година, Макстил од својата вредност загубил 5,6 милиони евра. Причина за падот е ѝ забавувањето на кинеската економија, која е клучна во пазарот на челикот, но и санкциите на ЕУ кон Русија.

Forbes како трет најбогат Македонец го рангира Андреа Јосифовски. Тој е претседател на управниот одбор во “Макпетрол” и “Оилко” и во овие компании поседува акции во вредност од 20 милиони евра.

На четвртото место се нашол сопственикот на 74 проценти од контролниот пакет акции на Прилепската пивара. Станува збор за Сашо Самарџиски, а според Forbes овој македонски бизнисмен вреди 13,3 милиони евра.

Живко Мукаетов во 2015. година успеал да ја зголеми пазарната вредност на Алкалоид за 127 милиони евра, или за 20 проценти во однос на 2013. година. Тој се наоѓа на петтото место меѓу најбогатите од Македонија, а Forbes проценува дека вреди 9,8 милиони евра.

Според висината на остварените приходи, во топ 10 најуспешни компании од нашата земја се најдоа Џонсон Мети, со двојно поголем приход од второпласираниот ЕВН. Листата ја дополнуваат Окта, Макпетрол, ЕЛЕМ, ФЕНИ Индустри, Македонски Телеком, Лукоил, T-Mobile и Алкалоид.

Коментари

Популарно