(ВИДЕО) ВАДИ, ВАДИ ПАРЕ - Дара Бубамара за неколку секунди заработи неколку илјади евра!

Дара Бубамара убедливо го заработи најголемиот хонорар на свадба, на која со неа заедно пееја и Лепа Брена, Зорица Брунцлиќ, Снежана Ѓуришиќ и Јашар Ахметовски.

На снимката од свадбата во јули минатата година се гледа како гостите на Дара и ставаат бакшиш во градите, а пејачката наводно заработила дури 4 илјади евра.

И тоа не е се! Дара добила и златник на чело, плус хонорар од 15.000 евра.

- Беше тоа добра свадба за нас пејачите. Се менувавме на еден час. Таму беа и Брена, Зорица, Јашар и Ѓуришиќ. Добив и добар хонорар. Направив одлична атмосфера, затоа добив и најголем бакшиш - рекла пејачката за "Kurir".

Коментари

Популарно