Исповед: „Џихадист ме силуваше пред децата, а потоа сакаше да се венчаме”

Мети на нападите на Исламската држава често се и муслиманки кои поради некоја причина се замериле со џихадистите, а една од нив го раскажала своето горчливо искуство.

Ханан (26) станала заробеничка откако борците од ИСИС го зазеле нејзиниот град. Таа и уште 50 жени се обиделе да побегнат од градот, но биле фатени. Џихадистите на оваа мајка на три деца ѝ рекле дека мора да се омажи за локалниот џихадистички лидер, пишува „Daily Mail”.

Но, таа одбила. Им рекла дека попрво сака да ја убијат отколку да мора да се омажи за џихадист. Поради тоа ја врзале, ја тепале и брутално ја силувале секој ден, повеќе од еден месец.

„Истиот маж ме силуваше секој ден повеќе од еден месец. Секогаш го правеше тоа пред моите деца“, раскажала Ханан.

„Мојата ќерка има намалени интелектуални можности, па не разбираше што се случува. Но, мојот постар син често го спомнува тоа“, раскажала несреќната жена.

Еден месец откако била заробена, нејзиниот татко дознал каде се наоѓа. На џихадистите им дал автомобил и 500 долари за да ја ослободат. Морал да потпише и документ дека, доколку неговата ќерка побегне од територијата која е под контрола на ИСИС, тој ќе биде убиен. Џихадистот кој ја силувал сакал да се ожени за неа, но нејзиниот татко одбил.

На почетокот од оваа година побегнала со семејството во Киркук. Вели дека не знае што се случило со останатите жени, но слушнала дека една морала да се омажи за својот силувач.

Една друга 25-годишна сунитска муслиманка раскажала дека била заробена во 2016 година откако џихадистите ладнокрвно го застрелале нејзиниот шестгодишен син. И таа била погодена во рамото и така ранета била затворена со другите жени.

На крајот, нејзиното семејство платило за да ја пуштат. Надвор дознала дека нејзиниот син сепак преживеал, откако бил опериран четири пати.

Коментари

Популарно