Убав сончев ден со пролетни температури

Денеска е среда, 22 февруари 2017 година, 53-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 312 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 17 часот и 13 минути.

Денов трае 10 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 17 минути, а ќе зајде во 13 часот и 14 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла, особено во утринските часови.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Коментари

Популарно