Гостиварец повреден во експлозија на плинска боца

Четриесет и деветгодишен гостиварец е повреден откако експлодирала плинска боца на балконот од станот во кој живеел. Повредениот со изгореници е прфрлен на скопските клиники на лекување.

Според првичните сознанија од увидот што е во тек, во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, од сé уште не познати причини, околу 20 часот дошло до ескплозија на плинска боца. При тоа гостиварецот В.И. (49) се здобил со повреди и бил пренесен во гостиварската болница од каде е препретане на скопските клиники.

Експлозијата опожарила и дел одстанот, а огнот со интервенција на противпожарната екипа набрзо бил локализиран и било спречено опожарување на внатрешноста. Увидини екипи сé уште се на местото и работат на расвелтување на случајот кој предизвика вознемиреност во соседството.

Коментари

Популарно