(ВИДЕО) ГИ ОТКРИ И ЈАВНО ГИ ИЗРЕЗИЛИ: Овој човек пред цел свет покажа како казината крадат пари од играчите

Неговото остро око ја забележа лукавата измама.

Мајкл Моргенштерн, професионален играч на популарната игра со карти „блек-џек“, неодамна на својот Јутјуб канал објави видео кое дефинитивно ќе сакате да го погледнете доколку коцкањето на интернет е ваша страст.

Имено, со неговото „остро око“ тој забележал како крупието во едно онлајн казино прави измама, поради што познатата компанија со седиште во Панама најверојатно ќе стекне лош углед кај играчите, а можно е и да сноси кривична одговорност.

Накратко раскажано, крупието со брз потег на левата рака ги заменува картите, па така посилната карта ја зема кај себе наместо да му ја препушти на играчот кој е на ред. На тој начин не само што му го одзеде влогот на играчот, туку крупието покажа дека „претставниците на куќата“ секогаш знаат која карта е следна во шпилот.

Компанијата која е одговорна за ова онлајн казино се нема произнесено во врска со случајот, а и веќе е прашање дали може да се намали штетата, бидејќи снимката на Моргенштерн масовно се прошири на интернет и досега ја имаат погледнато повеќе од милион луѓе.

Коментари

Популарно