(ФОТО) Ми украде 50.000 евра и хамерот – Дабовиќ „дозволи“ цел Балкан да ги види преписките со момчето

Милица Дабовиќ даде изјава на обвинителот дека нејзиниот поранешен дечко кој пред три дена ја претепал, и украл 50.000 евра. Репрезентативката се пожали дека Шиклиќ го измамил и нејзиниот татко Милан за автомобилот.

Симон ми украде 50.000 евра, трошеше пари од мојата кредитна картичка, а на мојот татко му го украде „хамерот“, раскажа Милица Дабовиќ пред јавниот обвинител.

Поранешната кошаркарка во Првото основно јавно обвинителство го повтори тоа што го раскажа во МУП Палилула во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а тоа е дека Симон ја нападнал и давел.

Таа го обвини Симон и за кражба.

Проблемот исплива подоцна, кгоа нејзината преписка за која не мислела дека може да биде злоупотребена излезе во јавноста. Принтскриновите на екранот со пораките благодарение на Шиклиќ доставени се до медиумите. Јавноста сега може да ги согледа кавгите и навредите.

„Милица на обвинителството им раскажа дека кај Симон е нејзината француска кредитна картичка на која е нејзината цела животна заштеда. Тој одби да и ја врати картичката, па таа вчера мораше да ја контактира банката за да ја угаси. Милица на обвинителството им раскажа дека тој должи дури 50.000 евра, и дека тие пари одбива да ги врати“, тврди „Информер“.

Дабовичева откри дека Шилиќ со кој била две години во врска, го измамил и нејзиниот татко Милан.

„Таткото Симон се договорл да му го продаде „хамерот“ кој го купил за неговата ќерка. Поради тоа му го пренел полномоштвото за продажба на колата. Во замена за скапиот теренец Шиклиќ требало да даде друго возило, плус уште 10.000 евра“, изјави соговорникот и додава.

„Но, Симон го побарал возилото, а човекот не дал ни денар. Ако е точно сето ова што Дабовичева го вели и ако поседува докази, Шиклиќ и за тоа ќе мора да одговара.

Кошаркарката го потврди разговорот со обвинителството и смета дека нејзиниот поранешен дечко е крадец.

„Точно е дека Симон не ограби и сето тоа му го кажав на обвинителот. Сепак, сакам да ставам точка на оваа приказна. Време е да со тоа се занимаваат надлежните органи, а не медиумите“, порача Милица и призна и самата дека го повикала Симон и побарала да и ги врати парите.

Коментари

Популарно