ВИЦ: 23 знаци по кои можете да познаете дека еден филм е американски

1. Бројот на спасените луѓе треба да е помеѓу 2 и 6 милиони.

2. Пред негативецот да го убие херојот, неколку минути му дава “воспитни”, за да има време херојот да измисли нешто и да се спаси.

3. Пиштолите со шест куршуми пукаат меѓу 30 и 40 пати со едно полнење.

4. Кога виновникот влегува во домот на жртвата, таа обично се тушира зад проѕирна завеса.

5. Секој прв состанок мора да заврши со секс.

6. Негативецот има толку гаден изглед што може да биде уапсен само поради фацата.

7. Во опасен момент за херојот, до него сепак се наоѓа некој вентил, за да испушти пареа во лицето на лошиот.

8. Хројот ја уништува бомбата точно кога тајмерот покажува 00:01.

9. Кокаинот се транспортира во серии по 50 тони.

10. Херојот влегува во базата на негативецот само со трчање и лазење.

11. Сите телефонски броеви започнуваат на 555-...

12. Сите вонземјани го мразат Њу Јорк.

13. Бомбата може да ја деактивира само херојот, а башка што сите бомби имаат прецизен дисплеј на кој точно се гледа уште колку време преостанува.

14. Херојот секогаш наоѓа слободно паркинг место пред зградата во која што сака да влезе.

15. Било која врата може да се отклучи со најобична кредитна картичка, освен ако објектот е во пожар а од другата страна има жртва.

16. Доколку главниот лик почне да танцува на улица, одеднаш му се придружуваат случајните минувачи кои исто така ги знаат чекорите.

17. Ајфеловата кула може да се види од било кој прозорец во Париз.

18. Со најобично чкорче може да се осветли било колкава просторија, па макар било тоа и фискултурна сала.

19. Најобичните и непривлечните девојки се како супермен. Доволно е да ја пуштат косата и да ги извадат очилата и веднаш се претвораат во убавици.

20. Во случај на групна тепачка, *лошите момци*, иако го опколиле херојот, ќе чекаат ред и ќе напаѓаат еден по еден.

21. Само да дигнеш рака или да свирнеш... и ете го таксито.

22.Херојот убива од 50 до 1000 лоши додека они се глупи ботови како во Counter Strike...а кога сите ќе ги убие на крајот он се држи за рамо или за ребра бидејќи фатил реума од толку убивање.

23.Полицијата стига откако херојот ќе ги спаси сите и ќе го убие негативецот.

Коментари

Популарно