Maпа на задолжени земји во регионот - Каде е Македонија?

Црна Гора, Албанија и Хрватска се земји во регионот кои се соочуваат со ризик од зголемување на јавниот долг, пишува Светската банка во новите Глобални економски прогнози.

Македонија е меѓу земјите што бележат најмал вкупен јавен долг (3,4 милијарди евра, oдноснo 38% од БДП) на Балканот. Јавниот долг по жител, кој се добива со делење на сумата на долгот со бројот на жителите на државата, за Македонија изнесува 2.599,7 евра. Помал долг по жител имаат само Босна и Херцеговина и Косово, додека долгот на секој Словенец изнесува 16.500 евра. Јавниот или државен долг го сочинуваат износите што државата ги позајмувала за да ги финансира своите дефицити.

Зад нас е само Косово со 852 милиони евра јавен долг, односно 14,47% од БДП.

Јавниот долг на Црна Гора изнесува 2,3 милијарди долари, односно 58,84% од бруто домашниот производ.

Состојбата со вкупниот долг на ентитетите на Босна и Херцеговина се влошува. Самиот долг е зголемен во текот на изминатите десет години, па на ниво на ентитетите се менуваа дури и закони кои го одредуваа горниот праг на задолженост, за да се подигнуваат нови кредити. БиХ е должна шест милијарди евра, односно 41,5% од БДП.

Министерството за финансии на Србија соопшти дека состoјбата со јавниот долг во декември лани изнесувала 25,1 милијарда евра, односно 72,9% од БДП.

Коментари

Популарно