ФОТО: Се расопаѓа телото на порно актерката

Поранешната порно ѕвезда Џема Меси на Фејсбук објави шокантни фотографии од раните на нозете кои и се створија од компликациите предизвикани од „домашни“ инјекции за потемнување на кожата.

Фотографиите од инфицирани рани Џема ги сподели како предупредување на другите да не се обидуваат ништо слично, пишува весникот Сан.

-Пред 4 месеци почнав нов циклус третмани со инекции за потемнување на кожата. Тоа го правам со години и немав проглеми. Вбризгав три 0,1 мл. инјекции, едната во десната нога и другите две во задникот. Овој пат многу ме болеше и ми се создадоа црвени отоци. Мислев дека сум погодила некој мускул и дека ќе ми помине, напиша Џема.

Како што поминувало времео, раните станувале се поголеми па се обратила на телефонска линија за помош, а тие веднаш ја упатиле во болница.

Добила крем, но состојбата се влошувала, па се вратила во болница каде итно е оперирана.

-Ми останаа големи рани кои засекогаш ќе ме одбележат, напиша таа и објасни дека ги објавува вознемирувачките фотографии за да ги предупреди другите за опасноста од ваквите третмани во сопствена режија.

-Јас тоа го научив на потешкиот начин, заклучи таа.

Коментари

Популарно