ФОТО: Тетовката Ана со награда за втора придружничка во Тајван

Викендов што измина во градот Таичунг, Тајван се одржа финалето на изборот за „Queen Of Brilliancy Of International 2017“.

Нашата држава ја претставуваше дваесетгодишната тетовка Ана Трајковска, која направи голем успех освојувајќи ја титулата втора придружничка во конкуренција на 60 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка е претставничката на Еквадор, а титулата прва придружничка ја освои претставничката на Куба.

Ана за титулата доби парична награда од 3.000 американски долари и уште многу други вредни подароци од организаторот и од спонзорите.

Таа освои уште една титула, прва придружничка на мис популарност, специјална награда од организаторот.

Ана помина прекрасни 20 дена на Тајван, преку лиценцата што за овој интернационален избор ја поседува модното студио „Црнокрак“, каде што е членка веќе седум години.

Коментари

Популарно