(ВИДЕО) Шокантен комплимент: Моника Белучи го „стопи“ Ивановиќ

Кога жена од калибарот на Моника Белучи ќе реши да даде комплимент и најсамоуверениот маж ќе падне на нејзиниот шарм.

Сексапилната актерка беше дел од шоуто на српскиот водител, Иван Ивановиќ, каде зборуваше за новиот филм на Емил Кустурица „On the Milky Road“.

Запрашана што треба да поседува еден маж за да би го привлекол женското внимание, Белучи даде одговор кој Иван со сигурност не го очекуваше.

- Да биде како тебе, рече таа, по што тој прокоментира дека сега може слободно да умре и дека цела недела нема да излегува од дома.

Коментари

Популарно