Изгоре градинката „8 Март“ во Шуто Оризари

Ноќеска изгоре детската градинка „8 Март“ во скопската населба Шуто Оризари. Од полицијата велат дека пожарот пламнал во 1.20 часот. Големиот пожар го гаснеле дваесетина пожарникари. Неколку часа сообраќајот по главната улица во населбата бил пренасочен. Причината за пожарот засега не е позната.

Коментари

Популарно