ФОТО: Несторовски и слатката ќеркичка го залепија цело Палермо

Најпријатното изненадување во Калчото оваа сезона, македонскиот голгетер ,Илија Несторовски, кој игра во животна форма, го користи слободното време да се забавува, а едно од неговите хобија е собирање на самолепливи сликички.

Тоа тој го покажа на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде објави фотографии како со својата ќеркичка го полнат албумот „Серија А 2016/17“ на „Панини“. На фотографијата се гледа дека тој го има собрано целиот тим на Палермо.

Несторовски е вистински хит во Серија А оваа сезона, а зад своето име има запишано десет погодока.

Коментари

Популарно