ГАЛЕРИЈА: Најпознатата плус сајз манекенка без фотошоп

Таа е најпозната плус сајз манекенка во светот. Ешли Греам, облекла едноделен црвен костим за капење во кој позирала на џет ски.

Додека снимала реклама, 28 – годишната Ешли Греам позирала во црвен костим за капење, сличен на оној со кој се прослави Памела Андерсон во легендарната серија „Чувари на плажата“.

За време на снимањето, Ешли ја следеле папараци кои ја „фатиле“ од сите агли, па поради тоа нејзините раскошни облини дошле во прв план.

Американската „плус сајз“ манекенка често објавува разголени фотографии на социјалните мрежи, но фановите ја обвинија дека премногу дигитално ги обработува.

Греам неодамна стана и една од судијките во шоуто „America's Next Top Model“. Исто така, Ешли е првата „плус сајз“ манекенка која осамна во магазинот „Sports Illustrated“, кој е познат по разголените модели.

Манекенката неодамна откри дека често ѝ приоѓаат жени и ѝ велат дека поради неа конечно се прифатиле себеси и своето тело.

Коментари

Популарно