ЕУ ГО ВОЗВРАТИ ШАМАРОТ НА САД: Изгласано укинувањето на безвизниот режим!

Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата според која на граѓаните на САД им се укинува безвизниот режим во границите на земјите на Европската унија, бидејќи Америка не дозволува влез во САД на граѓаните на поедини ЕУ земји без виза.

Оваа одлука дојде по пропаднатите преговори на САД за безвизниот режим со граѓаните на пет ЕУ земји: Хрватска, Бугарија, Кипар, Полска, и Романија, како дел од таканаречен „програм на реципроцитет“.

Ваквата одлука на Европскиот парламент значи дека сите Американци ќе мора да аплицираат за дополнителни документи доколку сакаат да патуваат во ЕУ, и тоа барем во наредните 12 месеци.

Европската комисија пред три години открила дека САД не ги исполнуваат своите обврски договорени со програмот на реципроцитет, но досега не преземала ниту една законска акција.

Австралија, Брунеи, Јапонија и Канада исто така успеаја во исполнување на своите обврски, но сите четири држави во најкраток рок ќе ги исполнат своите обврски кон ЕУ, тврди британски Индепендент.

Во согласност со гласањето на Европскиот парламент, Европската комисија по закон е обврзана да го суспензира безвизниот режим за Американци. Неименуван претставник од ЕК рекол дека се во тек контакти со американската администрација и се работи за целосен визен реципроцитет, но не прецизирал кога ќе биде преземена конкретна акција.

Коментари

Популарно