(ВИДЕО) БАБУНСКИ РАСТУРА ВО ЈАПОНИЈА: Мајсторски гол на Македонецот, цел стадион му се поклони

Голот на нашиот интернационалец беше прогласен за најдобриот момент на мечот. Тој одлично ја пречека топката и во спринт со надворешниот дел од копачката ја упати во оддалечениот агол кој беше неодбранлив.

Давид Бабунски, македонскиот фудбалер, кој игра за јапонскиот тим Јокохама, повторно го покажа својот талент. Тој во дуелот на неговиот тим со Консодале Сапоро, постигна гол со кој го крена цел стадион на нозе, а коментаторот не можеше да се воздржи од радост за мајсторијата на нашиот интернационалец.

Во 47. минута од дуелот, Бабунски постигна гол со кој Јокохама поведе со 1:0. До крајот на дуелот следеа уште два гола за Јокохама, со што Бабунски имаше уште поголема причина за славење.

Голот на нашиот интернационалец беше прогласен за најдобриот момент на мечот. Тој одлично ја пречека топката и во спринт со надворешниот дел од копачката ја упати во оддалечениот агол кој беше неодбранлив.

Погодокот на Бабунски е во 1:40 минута од видеото.

Коментари

Популарно