(ВИДЕО) Ибрахимовиќ: Тој се удри во мојот лакот! Кој ли да поверува во ова?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ денеска беше во центарот на вниманието на натпреварот меѓу Црвените ѓаволи и Борнмут.

Освне што промаши пенал, за Ибрахимовиќ се зборува и поради дуелот со фудбалерот на Борнмут Тајрон Мингс, со кој Златан денеска беше во „војна“ на теренот.

При крајот на првото полувреме, Мингс веројатно намерно го нагази Ибрахимовиќ додека лежеше на тревата, но минута после тоа стигна одмазда.

Во еден воздушен дуел, Ибрахимовиќ со лакт го удри својот денешен противник, но судијатља поради тоа не му покажа втор жолт картон, со оглед дека еден веќе претходно доби.

На крајот на натпреварот, Ибрахимовиќ во свој стил го опиша спорниот детал.

„Сите имате телевизор и можете да видите што се случило. Скокнав, и тоа високо, а Мингс скокна на мојот лакт“, објасни Швеѓанецот.

Златан Ибрахимовиќ веројатно ќе се соочи со казна од ФА поради овој инцидент, а за тоа повеќе ќе дознаеме во наредните денови.


Zlatan Ibrahimovic Fights vs Tyrone Mings in... by jackeddine

Коментари

Популарно