ВИДЕО: Го надигна шишето и почина пред сите

Момче на возраст од 23 години го загуби животот во бизарен натпревар, во ноќен клуб во градот Ла Ромина, во Доминиканската република. Момчето учествуваше во натпревар во кој од учесниците се бараше да испијат цело шише „текила“ одеднаш. Ретко кој успеваше да го направи тоа, но 23-годишниот Келвин Рафаел Мехиа без проблем го испи шишето.

Откако го испразни целото шише, момчето беше прогласено за победник и како награда доби 630 долари. Сепак, парите не стигна да ги потроши. Алкохолот почна бргу да делува. Седна на столче и повеќе никогаш не стана. Луѓето кои беа во близина се обидоа да го кренат, но момчето се струполи безживотно на подот.

Во медицинскиот наод, како што пренесуваат светски агенции, било запишано дека момчето починало од алкохолно труење.

Коментари

Популарно