И ја расцепил главата со секира, па се напил солна киселина да се убие

Љупко Сречковиќ со тапиот дел од секирата ја удрил својата сопруга Јања, а потоа се напил солна киселина.

Сопругата ја нападнал додека спиела, а таа „идеја“ му паднала на памет по жестоката расправија која ја имале тој ден. Сето тоа се случило во семејната куќа во Раковици, Србија.

- Кога видел крв, помислил дека ја убил, па отишол во кујната и се напил солна киселина во обид да си го одземе животот. Несреќната жена била пренесена во Ургентен центар, а нејзиниот сопруг завршил на ВМА, - вели извор за српски „Ало“.

Жената се опоравува и не е во критична состојба, додека за животот на насилникот се борат лекарите.

Коментари

Популарно