Совет на јавни обвинители: Јанева и Фетаи ја навредувале судиката

Советот на јавните обвинители заклучи дека специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле кодексот на етика и се однесувале недолично кон судот и на навредувале судијката, сега веќе в.д претседателка во оставка, Татјана Михајлова.

Информацијата за седницата одржана вчера, денеска ја соопшти претседателот на советот Петар Аневски во прилика кога ја одложувале по втор пат средбата со специјалната обвинителка во врска со предметот Пуч. Во заклучокот на советот стои и препорака до обвинителката Јанева да определи друг застапник на обвинителниот акт во судскиот случај Шамари.

Аневски се повикува на етичкиот кодекс кој ги регулира односите на обвинителите со судот во кој стои дека обвинителите при застапување пред судовите и во секојдневната комуникација со судот должни се да го почитуваат и чуваат достоинството на судот, своето лично достоинство и достоинството на јавното обвинителство.

По расправијата судијката Михајлова ги казни обвинителките Јанева и Фетаи со парична казна од по 2000 евра поради непочитување на судот. Судијката испрати преставка до советот со видео снимката од рочиштето. Судењето во кое за насилство обвинети се екс премиерот Груевски, поранешниот министер за транспорт Јанакиевски и поранешната советничка во општината Центар Рангелова е закажано за утре.

Коментари

Популарно