Македонците навалија на становите во Грција, за малку пари добиваат гарсоњера

Македонците навалија на становите во Грција. Откако Грција е во криза, цените на недвижностите се намалени.

Грците се повеќе огласуваат во српските и македонските агенции дека продаваат имот. Станови, куќи, вили па дури и хотели.

Сега за 10.000 до 15.000 евра може да се купи гарсоњера или еднособен стан, кој е за реновирање и се наоѓа во Солун или на Халкидики.

Во Солун има и цени од 300 евра за квадрат, а просекот е 1000 евра.

За луксуз варијанти и на двете места цените се и до 3000 евра.

Се нуди и деловен простор по поволни цени.

Поради сигурност, овие договори купувачите треба да ги склучуваат со посредник.

Коментари

Популарно