Момче застрелано на улица во Скопје!

Младо момче синоќа било застрелано во Скопје. Се работи за 28-годишниот Г.Б. кој се бори за живот откако синоќа околу 4.35 часот на улицата Фуштанска во Скопје, започнал расправија со неколку непознати насилници.

Полицијата информира дека насилниците дошле со возило на улицата и едниот од нив извадил пиштол и пукал кон скопјанецот и му нанел прострелна рана во пределот на десната надколеница и други повреди.

Напаѓачот избегал со возилото, а повредениот бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му се контатирани тешки повреди и се бори за живот.

Коментари

Популарно