ТРАМП ЛИ Е, ПУТИН ЛИ Е: Насловната страница на „Шпигел“ стана хит во светот (ФОТО)

Во долниот дел од фотографијата стои наслов „Двоен владетел“. Аниматорите на магазинот се решиле на ликот на рускиот претседател да ја додадат препознатливата жолта фризура на американскиот претседател

Кого гледате на фотографијата, Доналд Трамп или Владимир Путин. Тоа е првото прашање што веројатно си го поставиле читателите на германскиот магазин „Шпигел“ кој на својата насловната страница од мартовското издание на списанието, постави карикатура која личи и на Трамп и на Путин. Карикатурата наликува на оптичка илузија.

Во долниот дел од фотографијата стои наслов „Двоен владетел“. Аниматорите на магазинот се решиле на ликот на рускиот претседател да ја додадат препознатливата жолта фризура на американскиот претседател. Карикатурата е во контекст на анализа во „Шпигел“ за наводните врски на Трамп со Москва.

Ова не е првпат новиот американски претседател да се појави на насловната страница на „Шпигел“. Во еден од претходните броеви тој беше прикажан со отсечена глава од Кипот на слободата од Њујорк.

Коментари

Популарно