Екипа на Телевизија „24“ нападната на протестот на „За заедничка Македонија“

Новинарска екипа на Телевизија „24“ била нападната за време на протестот на „За заедничка Македонија“ во петок вечер.

Од телевизијата додаваат дека организаторот на протестот се оградил од инцидентот, оценувајќи го како случаен и ненамерен.

Новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата.

Претходно исто на протест на „За заедничка Македонија“, беа брутално нападнати снимател и новинар на порталот А1он, кои завршија во болница.

Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) повика на бојкот на ваквите протести на кои не се гарантира безбедноста на новинарските екипи, а за денеска најави и прес конференција на која новинарски здруженија од регионот ќе ги осудат зачестените напади врз новинарите.

Коментари

Популарно