Малолетник повреден од залутан куршум

Седумнаесетгодишен малолетник од скопското село Стајковци изутринава во 1.15 часот во скопско Брњарци се здобил со огнострелна рана од залутан куршум во пределот на десната надколеница.

Како што соопшти денеска МВР, малолетникот бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е констатирана тешка телесна повреда и е задржан на понатамошно лекување.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно