Сите детали за незапаметената трагедија – Во Слободан истрелани 15 куршуми, камерите се снимиле

Даниловграѓанинот Слободан Шарановиќ (79) е ликвидиран околи 22 часот во будванската населба Дубивица пред домот од автомобил во движење, а како што пренесуваат локалните медиуми, егзекуторите во него испалиле 15 куршуми.

„Вјести“ дознава дека во тој момент жената на Слободан, истрчала од дома, но тој веќе лежел мртов на плочникот. Како што пишува овој весник, безбедносните камери ги снимиле напаѓачите.

Полицијата по убиството го блокирала целиот кварт, а екипата за увид и крим – техника се на лице место каде недопрено лежи телото на Слободан.

„Мислевме дека е грмотевица. Така затресе. Како да е пукано од повеќе долги цевки“, велат очевидци за Новости.

Слободан Шарановиќ на 8 декември минатата година е пуштен од притвор во Спуж, каде мина речиси три години поради сомнение дека со Ратко Колјеншчиќ од Даниловград, го организирал убиството на Никола Бојовиќ, братот на Лука Бојовиќ, наводно лидерот на Земскиот клан во центарот на Белград на 29 април 2013 година.

Од моментот на апсење Шарановиќ ја негираше вината.

Неодамно во текот на рочиштето на кое се разгледувало подоцна вратеното обвинение, беше соопштено „дека ако некогаш биде во можност да се „оддолжи“ на сите кои го наместиле ќе одговоара пред судот“

Во обвинението пишува дека планирале да го убијат и Владимир Јовановиќ и Филип Корач, за кои се верувале дека се припадници на Бојовичевата организирана криминална група, а која ја сметаа за одговорна за убиството на Бранислав Шарановиќ, братот на Слободан, кој е усмртен во Белград во 2009 година.

Истрагата за убиството на Бојовиќ се води и во Србија и Црна Гора, а Шарновиќ е првоосомничен во двата случаи.

Иако српските власти за три години повеќе пати барале да Шарановиќ се испорача во Белград тоа е одбиено затоа што веќе Вишиот суд во Подгорица оцнеил дека немало услови за негово и испорачување на Кољеншиќ, затоа што убиството е организирано во Црна Гора.

Високиот суд во Подгорица, инаку во декември 2013 година, донел одлука да Шарноавиќ и Кољеншиќ се испорача во Србија, но по жалбата на адвокатот на осомничените. Апелациониот суд во јануари 2014 година, се вратил на повторно одлучување. Тогаш Високиот суд ја промени одлуката и го одби барањето за испорачување.

Коментари

Популарно