Илјадници верници ја пречекаа чудотворна икона во Струмица од Света Гора

Илјадници верници од земјава и странство пристигнаа во Струмица за да ја пречекат иконата на Пресвета Богородица Чудотворна.

Станува збор за икона автентична копија на оригиналот кој се чува во манастирот Дохијар на Света Гора во Грција. Литија за пристигнувањето одржаа митрополитот струмички Наум и дебарско кичевскиот Тимотеј. Тие во својот говор кажаа дека иконата треба да означува љубов меѓу народот.

Иконата на Струмица му ја подарува светиот игумен на Свештената обител Дохијар од Света гора. Неа ја донеле група Струмичани кои инсистирале да добијат копија од иконата.

Верниците се радуваа што во Струмица пристигна чудотворната икона на пресвета Богородица Брзопослушничка.

Светата икона висока метар и 80 а широка метар и 30 беше прошетана по струмичките улици и однесена во црквата „Св 15 тивериополски свештено маченици“ каде ќе биде оставена на поклонение на верниците.

Коментари

Популарно