Скопје: Маж со секира нападнал цело семејство

Нападот се случил вчера во 18.40 часот – стои во полицискиот билтен.

На 12.03.2017 година во 18.40 часот во Скопје, на ул. „376“, во дворот од куќата сопственост на А.А. (52), насилно влегол А.Џ. (37) и со секира ги нападнал сопственикот, неговите ќерки С.А.(21) и А.А. (30) и неговата сопруга Х. Б. (50).

Од ударите со повреди се здобил А.А. и моментално се наоѓа во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – соопшти полицијата во својот билтен.

Коментари

Популарно