(ВИДЕО) СЕ ПЛАШАМ ДА НЕ ЗАВРШАМ КАКО НЕА – Сестрата на Ксенија Пајчин тргна по стапките на покојната пејачка

Миа Пајчин, сестрата од страната на татко и на трагично настраданата Ксенија Пајчин, израсна во вистинска убавица, а како и покојната пејачка сака да се занимава со јавна работа.

Од смртта на Ксенија Пајчин, минаа полни седум години, откако трагично настрада на 16 март 2010 година, кога ја усмрти тогашниот нејзин дечко Филип Каписода, а Миа во меѓувреме израсна и во август наполни 20 години.

Сака да биде актерка, а кариерата веќе ја започна, бидејќи пред две години се појави во спотот на Илија Михајловиќ за песната „Лесно е“.

„Многу го сакав и му се восхитував. Сакам да продолжам таку каде таа застана, само во друга бранша. Таа одлично глумеше во своите спотови, а јас сакам да станам позната актерка. Покрај тоа, би сакала да се занимавам и со мода, тоа ме интересира“, изјави сестра и на Ксенија во едно од интервјуата.

„Од естрадата не се плашам. Сепак, понекогаш ме обзема страв дека можам да завршам како неа… Но, добро размислувам и согледувам се за да нема никакви последици. Тоа го велам, затоа што во моментов состојбата на естрадата не ми се допаѓа“, заклучи Миа.

Погледнете како најмилите ја одбележаа годишнината од смртта на пејачката Ксенија Пајчин, вчера на Новите гробишта во Белград.

Коментари

Популарно