ФОТО: Кој оставил крвава единица во собата на Кнеле по убиството?

Александар Кнежевиќ-Кнеле, еден од најпознатите српски криминалци, беше пронајден мртов во хотелот „Хајат“ во Белград во 1992 година. Мистеријата со бројот 1, кој бил испишан на огледалото од неговата хотелска соба, сѐ уште трае.

Многумина мислат дека тоа значело дека бил ликвидиран најголемиот меѓу криминалците, други, пак, дека убиецот со тоа сакал да покаже дека застанал на тронот.

Во моментот кога бил убиен во себе имал 5.000 германски марки и злато кое чинело 80.000 марки. Го усмртиле со три куршуми откако го принудиле да легне на под.

Истрагата подоцна утврдила дека сам ги пуштил напаѓачите во собата, што значи дека ги познавал. Интересно е што за неговата смрт другарите објавиле дури 162 некролози во весниците.

Коментари

Популарно