ВИДЕО: Професорот што стана хит на социјалните мрежи, раскажува како децата упаднаа среде интервју

Во собата на својот татко, прва и непоканета влегла 4-годишната Мерион, на која тој ден ѝ било роденден и потполно ја засенила дискусијата за јужнокорејската политика.

Неговата сопруга Ким Џунг, вели дека нејзиниот сопруг е самиот виновен за случката.

– „Тој секогаш ја заклучува вратата од собата кога има јавување во живо. Ќерката и онака беше разиграна, бидејќи тој ден имаше училишна забава.“- кажа Ким низ смеа.

Професорот вели дека сакал да продолжи со интервјуто, но кога видел дека во собата влегол и 8-меселниот син, сфатил дека е готово со интервјуто.

Вели дека и нему видеото му изгледало пресмешно, но не сакал да ги гледа реакциите на интернет, па некое време тој и сопругата ги исклучиле телефоните.

Коментари

Популарно