Почина четиригодишното дете нападнато од глутница кучиња

Од клиниката потврдија дека детенцето починало околу 13 часот пренесува Канал 5 . Детето пред четири дена на клиниката било донесено со тешки повреди по целото тело.

Доктор Симеонов хирургот кој ја работеше тешката операција објасни дека немало буквално место на телото на детето што не било изгризано од кучињата.

Поради тешките повреди лекарите морале да го отстранат левиот бубрег и слезината, но момченцето не ги преживеало тешките повреди на черепот и градниот кош. Против сопственикот на овчарските кучиња е поднесена кривична пријава. Од почетокот на годината во кичевското село Бачишта од кучиња биле нападнати 4 граѓани .

Коментари

Популарно