ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Познат изгледот на мултифункционалниот комплекс што ќе се гради до Рамстор

Лимак е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Денес компанијата објави соопштение дека компанијата започна со подготвка на теренот помеѓу Музеј на град Скопје и Рамстор Мол на местото каде што треба да се изгради атрактивниот комплекс. Во соопштението се вели дека мрежа од инфраструктурни текови, водоводни цевки и други инсталации, кои му служат на градот се наоѓаат во внатрешноста на земјиштето во сопственост на Лимак Груп. Овие инфраструктурни инсталации треба да се релоцираат, возобноват и повторно стават во функција.

По завршување на овие подготвителни градежни работи, Лимак очекува дека сите дозволи за проектот ќе бидат комплетирани и многу наскоро ќе започне со изградба на подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје, а потоа и со планираниот мултифункционален комплекс.

Станува збор за тунел, модерна подземна сообраќајница , со двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри долж Јужен Булевар, и кој во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Овој проект кој е во согласност со деталниот урбанистички план на град Скопје, пред чие донесување беа извршени неколку месечни геомеханички испитувања на земјиштето, ќе биде од особено значење за централното градско подрачје.

Од компанијата потврдуваат дека во Скопје ќе се гради атрактивен, мултифункционален комплекс лоциран зад Музеј на град Скопје, долж просторот помеѓу булеварот Св.Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков. Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.Проектот вклучува четири 20 катници со резиденцијални апартмани, деловен простор, шопинг центар, хотел, ресторани, простор за културни настани, фитнес центар, паркинг и други функционални објекти.

Фотографиите покажуваат приближно како ќе изгледа овој комплекс кој ќе го смени ликот на главниот град.

Коментари

Популарно