Проговори Хрватот кој го уапси Аркан: Правата вистина на виделина по 27 години

За апсењето на Аркан во Хрватска кружат многу приказни, но сега вистината ја открива полицаецот кој во тоа време го уапсил. Милан Шербула бил полицаецот кој во 1990. година го уапсил Аркан, на 29 ноември.

Дента тој виел автомобил како се движи по улицата, тоа бил автомобилот на Аркан. Му изгледал сомнително, па го следел. Повикал уште две патроли да го следат во акцијата. Тој не знаел дека тоа е автомобилот на Аркан, а кога му го затвориле патот и кога излегол од автомобилот, полицајците сфатиле дека е Аркан.

Човекот кој бил со Аркан му рекол да пука, но тој проценил дека тоа не е паметно. Ги подал рацете и го привеле.

Во автомобилот имало оружје, пушки, пиштоли, митралез, бомби.

Полицацот дури во станица сфатил кого уапсил и многу му било мило бидејќи Аркан бил секако голема риба.

Потоа следел затворот, па судење.

Полицаецот вели дека се зборуваат многу невистини за апсењето, па затоа ја раскажал приказната. Признава, нему Аркан случајно му паднал во раце.

Коментари

Популарно