(ВИДЕО) Ме силуваа 1716 часа до мојата 12 година – Ме заробија кога имав 6, преживеав педофилска кланица за деца

Анека Лукас е родена во Белгија, но кога имала шест години продадена е на група педофили-убијци и била нивна робинка до својата 12 година.

„5,5 години ме користеа. Тоа беа постари мажи кои користеа алкохол и дрога, а децата во тој свет биле комодитет и користени воглавно за секс“, ја почнува Анека својата приказна.

Според нејзините зборови, во оквирот на истиот болен клуб, членови биле понекогаш и аристократи, кои сакале да со децата да прават нешто друго – да ги убиваат.

„А тогаш дојде и моето време. Кога имав 11 години дојде моментот да бидам убиена. Бев мачена, затоа што лицето кое некое време ме штитеше, а потоа малтретираше, ме заштити мене и повеќе не бев потребна. Бев заробена во кланица која беше црна од дамките крв на децата кои беа убиени пред мене. Тука бев неколку часа, а и сега телото цело ми е со лузни кои ме потсетуваат на тие моменти“, открива таа.

„Мислев ддека ќе бидам убиена како и сите други деца кои не беа доволно сакани за да живеат, и дека ќе бидам заборавена како сите тие деца. Но, некој од морбидната организација ме спаси“, вели таа.

„За цело ова време моето заробеништво силувана бев многу пати. Немам лузни за да докажам колку пати бев силувана, но јас пресметав. Обично тоа траеше цела ноќ за време на викендот и јас пресметав дека бев силувана шест часа неделно. За 5,5 години сулувана бев 1,716 часа, а цело тоа време пред да наполнив 12 години – во камерата говореше Анека за оваа ужасна бројка.

По спасувањето на Анека таа израсна со инструкциите на лицата кои ја спасиле, а кои ја држеле подалеку од проституцијата, подалеку од дрогата, а дури и помогнале да ја напушти Белгија, каде сето тоа се случувало.

„Додека бев млада од некоја причина ги привлекував мажите и тоа ми беше потребно затоа што единствено така знаев дека се чувствувам добро. И како млада жена така бев искористувана толку многу пати и сите многу добро умееја да за сите тие ја префрлат вината на мене. А тогаш сфатив…“, зборува оваа храбра жена, сега во своите педесети години.

Како што самата вели, иако веќе е жена, морала брзо да порасне. Да навистина порасне и ја симне од себе улогата на жртва и жена на која и повеќе од потребно и е сексуалното внимание. Со децении работела на себе за да престане да биде објект и за да стане личност, која ќе умее да се носи со предавството на своите родители кои ја продале, и да се носи со тоа што и се случило сите овие години.

Таа истакнува дека децата се најранлива популација на светот, и дека се треба да работиме заедно за да ја заштитиме. Таа сега работи со многу организации и институции за да им помогне на своите деца загрозени со трговијата на луѓе за да им помогне во правењето на подобар правен оквир за нивната заштита.

Коментари

Популарно